среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 49

Павлески: Компанија од западна земја заинтересирана за инвестиција во Македонија

bil-nova-640x369

Поврзани вести

-Компаниите кога одлучуваат каде да инвестираат, тие прават длабоки анализи за сигурноста на земјата каде ги пласираат своите инвестиции. Сепак се тие долготрајни инвестиции и тие ја гледаат иднината напред, вели министерот за странски инвестиции Бил Павлески во емисијата „Миленко Неделковски Шоу“.

-Охрабрувачки е фактот што минатата недела имав една компанија која доаѓа од западна земја, планира да вработи голем број лица, со години сме биле во контакт со нив и дојдоа минатата недела, видоа се во Македонија. Ми кажаа дека Македонија е една од главните земји каде што планираат да ја пласираат својата инвестиција. Значи тие направиле целосна анализа и очекуваат брза разрешница на целата оваа ситуација, ја гледаат Република Македонија оди напред и ја гледаат стабилноста на Република Македонија и затоа планираат да ја пласираат својата инвестиција. Така што мислам овој целокупен проблем се надевам ќе се надмине за кратко време, вели Павлески.

Тој нагласува дека позитивно е што компаниите веќе тоа го гледаат и тие кога прават свои анализи самостојно анализираат, но комуницираат и со амбасади и со своите министерства.

Најчитани вести