Македонија

Павлески: Компаниите укажуваат дека подобрувањето на бизнис – климата веќе се чувствува

Павлески: Компаниите укажуваат дека подобрувањето на бизнис – климата веќе се чувствува

Компаниите што се во Македонија, како странските така и домашните, укажуваат дека подобрувањето на бизнис – климата веќе се чувствува, така што овој тренд треба да продолжи и понатаму, истакна министерот за привлекување на странски инвестиции Бил Павлески во гостувањето во вестите на ТВ Сител.

Секако е доста позитивен извештај во однос на компаниите што извршуваат бизнис во Македонија, меѓутоа исто така многу е важен во однос на привлекување на други останати компании кои одлучуваат каде да инвестираат во светот. Македонија со овој извештај треба да добие многу позитивни резултати во блиска иднина во однос на привлекување на други останати странски инвестиции. Она што го укажуваат и компаниите што се во Македонија, како странските така и домашните, дека подобрувањето на бизнис- климата веќе се чувствува, така што овој тренд треба да продолжи и понатаму, истакна Павлески.

Според него важен фактор е тоа што Владата прејудицира доста транспарентни методи во однос на комуникација со разни институции, како што се почнување на градба на објект, добивање на дозвола…

Она што го укажуваат посебно странските инвеститори е добро што стигнавме на ова ниво, добри се реформите што се спроведени, меѓутоа континуитетот и одржливоста на овој ранг е доста важна во иднина, за секако да бидеме успешни во однос на развивање на самата економија и привлекување на останати инвестиции, рече Павлески.