Павлески: Рафинеријата во Прилеп ќе биде една од најсовремените во светот

Министерот за привлекување странски инветсиции, Бил Павлески, годинава на одмор беше во Мариово. Со техничките екипи од Дупонт од САД и Етанол Јуроп Рењуабл од Ирска, помина неколку дена од август на запуштените локации во прилепскиот дел од Мариово. Во интервју за економски.мк вели дека се исплатело што годинава го пропуштил одморот. Двата гиганти во светот во производство на целулозен етанол донесоа одлука за заедничка инвестиција во Мариово која ќе го заживее регионот и ќе отвори 1000 нови работни места.

Инвестицијата вредна над 250 милиони евра ќе почне да се реализира во 2016 година. Опфаќа изградба на рафинерија во Прилеп, но и обрабортка на над 15.000 хектари напуштено, деградирано државно земјиште во Мариово. Таму ќе бидат засадени растенија од кои може да се добие етанол. Проектот ќе го заживее и Мариово, но и земјоделствто во земјава затоа што за потребите на прилепската рафинерија ќе бидат окупувани сите земјоделски производи кои содржат био маса, меѓу нив и дел од тутунот, кој најмногу го има во овој регион. Компанијата Пелагонија етанол ќе значи живот за Прилеп, за земјоделствто и за цела Македонија.

Рафинеријата во Прилеп ќе биде една од најсовремените во светот, само уште во Ајова, САД во тек е реализацијата на сличен проект.

Министерот Павелски во интервјуто за економски.мк вели дека при крај се преговорите со уште неколку компании, дел од нив веќе донеле одлука да инвестираат во Македонија, од дел се очекува наскоро да го сторат тоа, имињата многу скоро ќе бидат објавени. Негова цел во Македонија не е да брои колку компании донел, туку колкава е придобивката за земјата од тоа што го сработил.

Економски.мк : Потпишавте меморандум за реализација на инвестиција во прилепскиот регион вредна над 250 милиони евра која ќе донесе 1000 директни вработувања. Зошто го одбравте овој регион?

Бил Павлески: Владата на Република Македонија ја препозна можноста и придобивките за државата кои би произлегле од еден ваков проект во однос на работните места, руралниот развој и економскиот раст. Самото производство на целулозен етанол се базира на преработка на енергетски култури кои растат на деградирани земјоделски површини. Токму мариовскиот регион, каде со години наназад не се практикувало земјоделско делување, ги нуди тие услови. Голем дел од земјоделското земјиште е напуштено и деградирано. Отворањето на фабриката за етанол ќе значи ревитализација и целосно заживување на мариовскиот регион и неговата околина.

Економски.мкСе работи за две компании кои се лидери во светот, кои се придобивките за Македонија од оваа инвестиција?

Бил Павлески: Станува збор за две реномирани компании кои имаат долгогодишно искуство и експертиза на светскиот пазар во хемиската,фармацевтската и земјоделската индустрија, како и во развојот на алтернативни обновливи извори на гориво. Ethanol Europe Renewables е европски лидер во производство на етанол, а ДуПонт е светски лидер на пазарот и една од најголемите 6 биотек компании во светот, која преку иновации воведува илјадници нови производи во земјдолеството, исхраната, транспортот. Придобивките од нашето заедничко здружување се од повеќе аспекти. Прво, овој проект ќе й донесе на Македонија значителен економски раст, особено во руралните средини, потенцијално придонесувајќи со повеќе од 100 милиони евра ишвоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања. Со примената на соодветни модерни земјоделски практики на напуштените и деградирани земјоделски површини во овој регион, конкурентноста на земјоделството во Македонија ќе се подигне на значително ниво. Исто така, ќе придонесе со вклучување на интелектуално знаење (know-how) во развојот на практики на одржлив синџир на снабдување од земјоделството. Од еколошки аспект, фабриката за производство на етанол во Република Македонија може да стане глобален пример за климатските придобивки од напредните биогорива и биопластика. Преку заштедите на емисиите на стакленички гасови од етанол од македонската постројка за производство на целулоза би можеле да надминат 100% според методологијата на Директивата на ЕУ за Енергија од обновливи извори, без никакви негативни влијанија врз безбедноста на храната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.