вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 21

Павлопулос: Грчкото вето за Македонија е ставено и за него не може да се преговара

Циничните фалсификатори на историјата, кои за жал се наследници и следбеници на културата на тоталитарните режими што се докажа и со неодамнешното брутално однесување кон бегалците, не можат да се преправаат дека се пријатели на Грција, изјави Павлопулос.

Павлопулос: Грчкото вето за Македонија е ставено и за него не може да се преговара

Павлопулос: Грчкото вето за Македонија е ставено и за него не може да се преговара

Последни вести

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос уште еднаш остро ја нападна Македонија велејќи дека нашата земја „цинично ја фалсификува историјата“.

За време на посетата на северниот грчки град Негуш, Павлопулос рече дека грчкото вето во однос на влезот на Македонија во НАТО и во Европската унија е ставено и за него не може да се преговара.

– Циничните фалсификатори на историјата, кои за жал се наследници и следбеници на културата на тоталитарните режими што се докажа и со неодамнешното брутално однесување кон бегалците, не можат да се преправаат дека се пријатели на Грција и, уште повеќе, неразбирливо е да се залажуваат дека со таквите ставови може да се приклучат во ЕУ и НАТО. Грчкото вето е ставено и за него не може да се преговара, изјави Павлопулос.

Најчитани вести