Павлопулос: Отворете ја границата или заборавете на ЕУ и НАТО – Иванов: Се чини не ги сфаќате безбедносните ризици

Некои грчки политичари се чини дека не успеаваат да ја сфатат сериозноста на безбедносните ризици што произлегуваат од кризата, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервју за грчкиот весник “То Вима”, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

“И покрај затворениот коридор, секоја вечер регистрираме околу 100 обиди за нелегални премини. Се чини дека одредени политичари во Грција не успеваат да ја сфатат сериозноста на безбедносните ризици што произлегуваат од кризата. Веќе постојат индикации дека некои од уапсените и осомничените за терористичките напади го користеле Балканскиот коридор”, вели Иванов нагласувајќи дека затворањето на коридорот е во корист, а не на штета на Грција. Претседателот Иванов информира и за одбиените македонски иницијативи од страна на Грција. “Од првиот момент ја каниме Грција за соработка, а ги повикуваме и останатите да ја вклучат и Атина во пан-европските, регионални, формални или помалку формални форми за справување со кризата. Во обата случаи имаше или малку или воопшто немаше одговор од грчката страна”, вели македонскиот претседател.

Грците никако да се помират: Нема НАТО и ЕУ ако не ја отворите границата

Официјална Атина пак, се чини дека тешко се помирува со политиката на македонските власти за заштита на границата. Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос поворно се јави со закани и провокации насочени кон нашата земја. Наспроти редовните обвинувања на Павлопулос дека наводно сме ја фалсификувале историјата, периодов тој отворено и агресивно се спротиставува и на политиката на македонскиот државен врв за справување со кризата.

“Балканските земји кои што задржуваат ставови спротивни на принципите на хуманост и човекови права кон бегалците, ако продолжат со оваа тактика нека не размилуваат за европски курс и напредок кон НАТО”, се закани Павлопулос. И грчкиот европратеник Нотис Мариас во Брисел ја обвинува Македонија дека имала провокативен став за прашањето за бегалците. Тој се пожали дека наводно сме го кршеле меѓународното право со тоа што сме ја затвориле границата забранувајќи им влез на бегалците, а тврди и дека македонските власти нелегално фрлале солзавец и шок бомби на грчка територија и вршеле насилство врз оние што се обидоа нелегално да ја минат границата. “Кои мерки ќе ги преземете за Македонија да престане да го прекршува меѓународното право ? Ако се земе предвид дека овие дејства ги прекршуваат човековите права, каков ќе биде ефектот врз пристапниот курс на Скопје?”, се вели во прашањата упатени до високата преставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Могерини. ПОДНАСЛОВ Западот сака да смести десетици илјадници бегалци во Македонија.

На идентична линија со Грците е и прозападната и соросова машинерија. Група на навладини организации од Македонија и неколку од регионот, меѓу кои доминираа соросовите и ЛГБТ здруженија, неодамна упатија повик за отстранување на заштитната ограда и отварање на границата. Во последната анализа на независната тинк-танк организација за геополитички анализи „Katehon“ објавена на седум јазици, јасно се посочува агендата на Западот во Македонија да бидат сместени неколку десетици илјадници бегалци. Експерите се согласни дека токму поради заштитата на границите и суверенитетот во рамките на бегалско-мигрантската инвазија, македонските власти дополнително си го навлекоа гневот на Западот. „Лидерството на земјата моментно се наоѓа под дипломатски притисок од Брисел и ЕУ. Берлин особено ја обвинува Македонија за создавање „атмосфера на страв“. Треба да се напомене дека Македонија е транзитна земја за мигрантите кои што патуваат во Западна Европа. Според плановите на Брисел, постои намера таму да се постават десетици илјадници бегалци“, се вели во анализата на „Katehon“.

Странските марионети Јанева и Заев го продолжуваат разнебитувањето на Македонија

Наспроти политиката за беглаците и мигрантите, примарниот „грев“ на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, според анализите на „Katehon“, е мултиполарниот пристап во поликата и негувањето на пријателски односи со Русија, а многумина овде ја додаваат и непопустливоста во однос на барањето за промена на уставното име. „Специјалната обвинителка Катица Јанева, која што е марионета на САД, објави информации според кои актуелни и поранешни функционери на различни сектори треба да бидат прогласени за виновни за повеќе дела. Многумина се обвинети за злоупотреба на моќта, корупција и друго…Како што и претходно информиравме, опозицискиот лидер Зоран Заев кој што има криминална историја поседува повеќе од 1,5 милиони телефонски разговори од членови на Владата и владеачката партија, кои што ги доби од амбасадата на САД во Скопје, се вели во анализата на „Katehon“, додавајќи дека Заев добива фининсиска поддршка и од Сорос. Со слични тврдења излегуваат и дел од медиумите од регионот. Хрватскиот портал „Директно“ неодамна објави текст со наслов „Промена на ВМРО за промена на името на Македонија“, во кој што однесувањето на одредени амбасадори кои што ги поддржуваат конструкциите на опозицијата се претставува како своевиден одговор на тоа што владеачката ВМРО-ДПМНЕ 10 години успешно ги брани националните интереси. Малкумина се оние кои што не се сеќаваат на барањето на Заев за виткање на кичмата и промена на името, пишува „Директно“.