Македонија

Павлопулос со порака до Македонија и Турција за ченството во ЕУ

Павлопулос со порака до Македонија и Турција за ченството во ЕУ
Павлопулос со порака до Македонија и Турција за ченството во ЕУ

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос ги предупреди Турција и Македонија дека членството во Европската унија подразбира почитување на европските вредности и принципи, јавуваат денеска грчките медиуми во врска со средбата на Павлопулос со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Софија.

– Ние сме за европска перспектива, но мора да расчистиме една работа. Партнерите кои сакаат да се присоединат кон ЕУ мора да научат да ги почитуваат воспоставените европски правила, рекол Павлопулос.

Во однос со Македонија, според грчките медиуми, тој истакнал дека нашата земја „мора исто така да ја почитува историјата“.

– Не можеме да живееме, коегзистираме и да преживееме во рамките на ЕУ во услови на фалсификување на историјата. Тие мора да го сфатат тоа, изјавил грчкиот претседател.