Пазарувал со лажни евра, а почестил и во кафеана

Дваесетиседумгодишниот С.М. од селото Бајрамовци-Центар Жупа, лани набавил и пуштил во оптек лажни евра во апоени од по 50 евра, соопшти охридската полиција.

Во ноември, тој со две лажни банкноти платил услуга во една ветеринарнарната станица во Дебар. Во почетокот на декември, пак, со три фалсификувани банкноти купувал во маркет во Центар Жупа, а една лажна банкнота употребил во кафеана во селото Новак, Центар Жупа.

На 15-ти декември лани, тој набавил уште три банкноти од по 50 евра и околу 17 часот, откао полицијала му извршила претрес нему и на неговото возило во Дебар, лажните пари ги пронашла во неговиот паричник.

Фалсификуваните евра, пуштените во оптек во апоени од по 50 евра, како и парите што кај него ги пронашла полицијата, исто така во апоени од по 50 евра, имале идентичен сериски број Ѕ20175422632.