Пецаковски повторно во Зомимак

По една сезона помината во Металург, Дејан Пецаковски се врати во старото јато и потпиша едногодишен договор со екипата на Зомимак М.

Со името на Пецаковски беа врзувани трансфери во Дубаи и во Пелистер, меѓутоа Дејан сепак потпиша за лигашот од Струмица.

Според информациите пласирани на интернет-страницата на Зомимак М, почната е процедурата за негова регистрација и се очекува веќе в сабота тој да го има своето деби против тимот на Охрид.