ВИДЕО: Oвој уред веднаш ги печати вашите фотографии од смартфон

Во денешната ера на новата технологија многумина од нас се носталгични за старите уреди, како што беа полаироидните фото апарати, кои ги вадеа фотографиите во хартиена форма за само неколку минути.

Она што е недостаток на дигиталните фотографии е во тоа што при нивната изработка го нема чекањето да бидат готови и нивното чување во фото албуми.

Затоа, компанијата „Принт“ од Сан Франциско реши да го промени тоа, па креираа уред кој може да се закачи на вашиот паметен телефон Ајфон 6З, 6, 5Ц, 5С, 5, Самсунг Галакси С5 и С4 и ќе направи вистински полароид фотографии.

Денес луѓето прават илјадници фотографии со телефони, но ги гледаат само понекогаш. Поради таа причина, одлучивме да направиме нешто со што ќе овозможи своите фотографии да ги поделите со членовите на семејството и пријателите, вели креаторот на овој уред Клемент Перо.

Уредот со 50 ленти, т.е. 50 фотографии чини 25 американски долари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.