Печалбар од Центар Жупа остана без автомобил

Во селото Мал Папрадник, општина Центар Жупа е регистрирана тешка кражба во куќа на печалбарот А.А., кој се неговото семејство е во странство.

Се уште неидентификувани лица, насилно влегле во куќата и откако земале поголем број скапи апарати, си го присвоиле и неговиот автомобил, го натовариле со пленот и си заминале.

Од СВР Охрид информираат дека, крадците со себе однесле телевизор плазма, делови од музички систем, ДВД плеер, апарт за заварување и други апарати, како и патничко моторно возило марка „форд фиеста“ со кое се оддалечиле од местото.

Крадците влегле насилно со кршење на прозорецот на приземјето. Најпрво со подесувачки предмет ја оштетиле влезната врата во дворот на куќата, го оштетиле цилиндерот од влезната врата на куќата, но не можеле да ја отворат, по што го скршиле прозорецот од вратата во приземјето и влегле во куќата.

Надлежните институции извршиле увид. Полицијата трага по крадците.