Педесет години од Муровиот закон

Денес се одбележува 50-годишнината од Муровиот закон, неискажан договор меѓу електронската индустрија и светската економија кој инспирира инженери, иноватори и претприемачи да се размислува за се’ она што е можно.

Gordon E MooreЗаконот на Мур им овозможува на поголемиот дел од современите иновации –„wearable” технологија, геномско секвенционирање, паметни градови-и им помага на индустриите се справат со навидум нерешливите проблеми како и претворање на фантастични идеи во профитабилни бизнис потфати. Што ќе содржат наредните 50 години?

Три години пред да ко-основањето на компанијата Интел, Гордон Мур забележал дека транзисторите – фундаменталните градбени блокови на микропроцесорите и дигиталното доба – ќе чинат се помалку и ќе се зголемуваат нивните перформанси експоненцијално. Во 1965год. тој не можел ни да претпостави како оваа идеја ќе го промени светот, дека ќе биде позната како „Муров закон“ и ќе ја води технологијата најмалку, наредниот половина век.

Многу уреди што секојдневно ги користат луѓето се напојувани од микропроцесори направени од транзистори. Како што овие уреди чинат драстично се помалку, а нивните перформанси истовремено се зголемуваат, благодарение на Муровиот закон, тие станаа незаменлив дел од нашите животи. Телефоните и часовниците станаа „smart”, автомобилите се претворија во компјутери.

Доколку Андроид телефон базиран на Интел бил направен со користење на технологијата од 1971 година, микропроцесорот на овој телефон би бил голем колку едно паркинг место. Пробајте да направите „селфи“ со него.

Споредено со првиот Интелов микропроцесор, Интел 4004, денешните процесори испорачуваат 3,500 пати повеќе перформанси; 90,000 пати се поефикасни и чинат 1/60,000 помалку.

Муровиот закон е аспирација, не закон на природата. Тој е овозможен од армија на луѓе, кои ги туркаат фундаменталните закони на физиката. Денес, фабриките на Интел произведуваат преку 10 милијарди транзистори секоја секунда кои напојуваат извонредни уреди што ги исполнуваат потребите на милијарди луѓе низ светот.

Првите транзистори за полупроводници беа со големина на гума од крајот на моливот. Како резултат на Муровиот закон, повеќе од 6 милиони денешни транзистори со три порта можат да се соберат во точката на крајот од оваа реченица.

Денешните транзистори се невидливи за голото око. За да видите еден транзистор, треба да го зголемите типичниот чип до големина на куќа.

Денес, духот на иновација поттикнат од Муровиот закон продолжува да ја трансформира не само технолошката индустрија, туку и светот. Младите девелопери, вредните инвентори, надежните научници и доктори, како и безброј други продолжуваат да го вчудоневидуваат светот со идеи и достигнувања што денес не можеме ни да ги замислиме.

Интел го претстави првиот микропроцесор во светот, 4004-ката, во 1971. За да се илустрира моќта на Муровиот закон, споредете го тој чип со денешен Intel® Core™ i5 processor.

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди.