Педесет илјади Французи побарале да бидат „заборавени“ на интернет

Американскиот пребарувач Гугл добил околу 50.000 барања за бришење на врските на нејзиниот мотор за пребарување од лица од Франција, во согласност со новото европско „право на заборав“.

Според генералниот директорот на Гугл за Франција, Ник Лидерм „Во Европа вкупно се добиени 170.000 барања, од кои од Франција 30 отсто односно околу 50.000 барања, изјави тој за радиото БВМ Бизнис.

„Има обични барања во кои се бара само да се избришат врските, додека има и барања кои се отфрлени, но има и такви кои се многу сложени“ – објасни тој.

– Се наоѓаме во позиција на судии, има случаи кои не се јасни. Се обидуваме да најдеме добри правила и одредби кои се солидни,  дополнува Ник Лидерм.

Европјаните од крајот на мај годинава имаат право да пополнат формулар на интернет и да побараат бришење на резултатите на моторите за пребарување. Ова право наречено „право на заборав“ е воведено по одлуката на Европскиот суд на правдата од Луксембург.

Судот пресуди дека едно лице има право да ги избрише личните информации кои се однесуваат на него и кои се наведени од моторите за пребарување, посебно ако тие се застарени и неточни и се однесуваат директно на него.