Педесетина деца затруени со салмонела

Педесетина деца од Скопје се затруле со салмонела и се згрижени на Инфективната клиника во главниот град, пишува дневниот весник Дневник. Родителите чии деца се затруени и хоспитализирани на Kлиниката, велат дека лекарите им кажале оти има многу деца што се затруени најверојатно од една сендвичара во населбата Драчево. Децата се дехидрирани, со висока температура, повраќања, проливи и слабост поради што некои од родителите стравуваат за нивното здравје.

– Моите две деца сега се дома, но вчера имаа критичен ден. Повраќаа, има силни проливи и температура. Но, мојата внука, која има 4 години, е сместена на клиниката и прима инфузија. Се спаси само мојата снаа, која е бремена и одбила да ~ стават мајонез во сендвичот со плескавици. Многу сме уплашени оти девојчето е мало и кревко. А купивме сендвичи од место кое е многу познато во населбата, бевме убедени дека храната е во исправна состојба. На клиниката лекарите при приемот на девојчето ни рекоа дека сме едни од педесетината деца што се затруени од сендвичи купени во сендвичарницата во Драчево. Ова навистина н` уплаши од каде да купуваме храна и со што да ги храниме кога од секаде ги демне опасност – вели Бобан Ѓуриќ, родител на двете деца што се затруле.

Ниту еден лекар од Инфективната клиника во Скопје не сакаше да ја коментира состојбата на децата со образложение дека лекарите што треба да дадат изјава се на годишен одмор.