Педофил злоставувал 12- годишно девојче во Прилеп

Триесет и осум годишен маж сексуално злоставувал 12 годишно девојче. Прилепското обвинителство покрена истрага за полов напад врз дете а осомничениот педофил завршил во притвор, јавува Кнал 5.

Според информациите од истрагата девојчето живеело во близина, а прилепчанецот ја викал кај него дома, ја заклучувал и тука го вршел гнасниот чин. Ова се случувало повеке пати во летоска од јуни до август. Траумите на девојчето била откриени деновиве кога родителите пријавиле во полиција.

Според статистиката на МВР во привите 9 месеци од минатата имало 48 педофилски случаи во кои жртви биле 54 малолетни деца 42 девојчиња и 12 момчиња. Пријавените педофили сите биле мажи – најмладиот 17 години најстариот 73.  Најмногу педофилски слуачаи имало во Скопје 15, Струмица 6 и Тетово 4.

Последниот случај кој ја згрози јавноста беше објавен пред само два дена – 58 годишен битолчанец кој извесен период злоставувал две деца.

Една недела претходно скопјанец беше осуден на 17 години затвор кој сексуално и физички се изживувал со 13 годишно девојче без родителска грижа – ја силувал ја тепал и ја горел со цигари.