Магазин

Педофили демнеат на позната детска компјутерска игра

Педофили демнеат на позната детска компјутерска игра

Шестгодишно момче кое играло Мајнкрафт примило серија сексуални експлицитни пораки од непознат маж. Пораките биле говорни и пишувани, тврди таткото на детето кој случката ја пријавил во полицијата во Кливленд.

Работата да биде полоша, момчето боледува од Аспереров синдром.

– Живеам сам со синот и не можам  да бидам со него сите 24 часа. Го оставив сам во соба на половина час и сите пораки стигнале во тој период. Бев во приземјето и слушнав машки глас. Знаев дека нешто не е во ред, затоа што син ми ми рече да не влегувам и да не ги гледам во играта, раскажа таткото, јави „Дејли Мејл“.

Тој вели дека лицето кое ги испраќало пораките мислело дека комуницира со мало девојче, а секоја порака била подегутантна од претходната.