Спорт

Педро е решението за проблемите во нападот на Јунајтед

Педро е решението за проблемите во нападот на Јунајтед
Педро е решението за проблемите во нападот на Јунајтед

Откако стана јасно дека трансферот на Ди Марија во ПСЖ е завршена работа, “црвените ѓаволи” веднаш започнаа да работат на доведување замена за Аргентинецот.

Една од најактуелните трансфер теми во медиумите изминативе два месеца е крилниот напаѓач на Барселона, Педро. Репрезентативецот на Шпанија го продолжи договорот со “каталонците”, но откупната клаузула му беше намалена од 150 на “само” 30 милиони евра. Ова беше причина да започнат бомбастичните најави за неговиот следен клуб, па така Педро беше поврзуван со Интер, Арсенал, Манчестер Сити, се споменуваше и негово повторно соединување со Пеп Гвардиола во Баерн, но се чини дека Манчестер Јунајтед ќе биде неговата следна дестинација.

Заедно со Руни и Депај, Педро ќе биде дел од можеби "најубиственото" трио во Премиер лигата
Заедно со Руни и Депај, Педро ќе биде дел од можеби “најубиственото” трио во Премиер лигата

Иако тимот на Луј Ван Гал и тоа како се засили во одбраната и средниот ред, откако летово беа доведени Серхио Ромеро, Матео Дармијан, Мемфис Депај, Морган Шнидерлин и Бастијан Швајнштајгер, сепак останува празнина во нападот по заминувањето на Робин Ван Перси и Радамел Фалкао. Според раководството на Јунајтед, токму Педро е решението за овој проблем, а неговиот трансфер би чинел околу 25 милиони евра.

Вејн Руни сезонава ќе игра како централен напаѓач, а Педро и Депај би биле страничните офанзивци во формацијата 4-3-3 која Ван Гал најави дека најчесто ќе ја практикува. Некои од медиумите на Островот најавуваат и сензационален трансфер на Герет Бејл во Манчестер Јунајтед, но речиси е невозможно претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез да се откаже од својата најскапа аквизиција.