Спорт

Педро е пред портите на лондонските “сини”

Педро е пред портите на лондонските “сини”
Следната дестинација на Педро е Лондон

Иако за време на целиот летен преоден рок неговото име беше врзувано со Манчестер Јунајтед, сепак според “Мундо Депортиво”, Педро е пред портите на лондонските “сини”.

Според овој медиум, потписот на брзоногиот крилен напаѓач го обезбедила Марина Грановскаја, главната соработничка на Роман Абрамовиќ, а евентуалнта сума за овој трансфер би изнесувала 30 милиони евра.

Дали ова е комбинацијата која го осуди на пропаст трансферот на Педро во Манчестер Јунајтед ?
Дали ова е комбинацијата која го осуди на пропаст трансферот на Педро во Манчестер Јунајтед ?

Договорот кој ќе го потпише Педро со Челзи ќе трае три години, а одлуката да замине на “Стемфорд Бриџ” а не во Манчестер е донесена поради тренерот на “црвените ѓаволи”, Луј Ван Гал. Имено, легендата на бугарскиот фудбал и поранешен член на Барселона, Христо Стоичков неколку пати го советувал Педро да не потпишува за Јунајтед додека е под водство на Ван Гал, бидејќи во спротивно ќе се соочи со греење клупа и пад во кариерата.

Сепак ова се само информации кои протекуваат низ медиумите, каква е реалната ситуација околу заминувањето на Педро во Премиер лигата ќе покажат следните неколку дена, колку што остануваат до крајот на летниот преоден рок.