Пех за Фетел и голема победа за Хамилтон

Малку среќа и за Луис Хамилтон, откако Британецот вчера имаше проблеми во квалификациите, денеска успеа да триумфира на ГН на Германија а како бонус, Себастијан Фетел не ја заврши трката.

Луис Хамилтон одново е лидер во генералниот пласман со +17 во однос на Себастијан Фетел. Британецот вчера имаше кошмарни квалификации но денеска му се насмевна среќата.

Дождот кој почна да паѓа во вториот дел од трката предизвика вистинска драма на патеката. Себастијан Фетел додека ја предводеше колоната и имаше речиси десет секунди предност, загуби контрола над својот болид и се заби во оградата на 16 круга до крајот.

Тоа предизвика излегување на безбедносното возило, Ботас и Раиконен влегоа во бокс по нови пневматици и му овозможија на Хамилтон да избие на првото место откако стартуваше како 14-ти.

По рестартот на трката, Ботас се обиде да го престигне својот тимски колега, но веднаш од питот доби наредба да ја задржи позицијата, па на крајот Финецот мораше да се задоволи со второто место. Последното место на пиедесталот му припадна на Кими Раиконен.

Во бодови уште завршијаи Макс Верстапен, Нико Хулкенберг, Роман Грожан, Серхио Перез, Естебан Окон, Маркус Ериксон и Карлос Саинц.