ПЕИ се вклучи во „Платформата за демократска Македонија“ на СДСМ

ПЕИ се вклучи во „Платформата за демократска Македонија“ на СДСМ. За ова денес информираше лидерот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето на платформата од Партијата за европска иднина (ПЕИ).

Денеска Платформата ја потпишавме со ПЕИ и со господинот Фијат Цаноски , со којшто во минатото СДСМ имал соработка. Оваа платформа за демократска Македонија не обединува сите и јас се надевам дека ќе продолжи да расте, рече Заев.

Тој уште еднаш ги спомна принципите на платформата. Регуларни, фер и демократски избори, враќање на правдата и правичноста во Република Македонија, реофрми во медиумите, деполитизација  и демократизација на институциите и застанување зад сите универзални и европски вредности.

zaev-izjava-posle-pei

Јас се надевам дека така здружени и сплотени, без какви било предрасуди сите заедно ќе застанеме зад Платформата. Она што го очекувам во наредните денови е да продолжи потпишувањето со политичките субјекти . Испративме порака до граѓанските здруженија, до асоцијациите, до интелектуалците и до сите индивидуи во Република Македонија. Очеквувам дека сите ќе застанат зад една ваква принципиелна платформа како би можеле сите да и помогнеме на Република Македонија, рече Заев.

Информира дека од СДСМ  до ПЕИ испратиле и порака, но и покана за коалициско здружување.

Знаеме дека на 5-ти Јуни ќе нема избори, но избори ќе има затоа што само преку слободни избори можеме да ја вратиме слободата. Од тој аспект, пополека нашите работни групи ќе ги составуваат споредбите на нашите политички програми, како би биле подготвени за заедничко делување, тогаш кога ќе бидат исполнети условите за регуларни, фер и демократски избори, рече тој.

Заев уште еднаш ги потвори условите на партијата за одење на избори: прочистен избирачки список, регулација на медиумите и разграничување на партијата од државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.