Пејачката Дани, снима документарен филм во Каиро

Во Каиро започна снимањето на документарецот „Partnership for change “, каде што пејачката Дани Димитровска престојува веќе извесно време.

Дани заедно со египетскиот актер Sammy Sheikh, турскиот пејач Koray Candemir, туниските бендови Garby’s и Si Lemhaf како и диџејот од Каиро, Ramy се „Y-Peer“ амбасадори, луѓе кои се залагаат за човековите права, за правата на децата, за подигнување на свеста за раната тинејџерска бременост, за превенција и заштита од ХИВ, за правото на избор, за слободата на говор.

Во фокусот на документарецот се нивните долгогодишни заложби, сфаќања, мотиви и инспирација. Покрај овој документарец кој е високо буџетен и со големи амбиции, Дани е сениор тренер и во моментов држи тренинзи на новите пејачи од арапскиот регион кој се приклучуваат на „Y-Peer“ мрежата, како поддржувачи и верувачи кои делат ист сон.