четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 37

Пекабеско доби сертификат ISO 22000:2005

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во дистрибутивната дејност доби уште еден меѓународен сертификат за безбедност на храна. Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005.

Pekabesko logo zeleno

Поврзани вести

Најголемиот македонски производител на сувомесни производи и лидер во дистрибутивната дејност доби уште еден меѓународен сертификат за безбедност на храна.  Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005.

Овој сертификат се однесува на: прием, складирање и дистрибуција на прехрамбени производи, како и на производство на ферментирани трајни и термички обработени колбаси, трајни и полутрајни сувомеснати производи, сланина, конзерви од месо во парчиња и стерилизирани конзерви.

16430284 PEKABESKO ZA 16 LČ22000-mk

Според Слободан Кутревски, Прв Извршен директор на компанијата, ова е уште една потврда дека Пекабеско ги исполнува сите стандарди во производството и дистрибуцијата на прехрамбени производи.

Сите производи на Пекабеско се со врвен квалитет и една од нашите најголеми заложби кои ги реализираме е постојаното унапредување и вложување во процесот на производство и безбедност на храната. Потрошувачите тоа го препознаваат и токму тоа е причината за постојаниот раст на продажбата на нашите производи, изјави Кутревски.

Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа TÜV NORD CERT.

Во 2008 година Пекабеско го имплементираше HACCP стандардот, а во 2009 година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието Superbrands.

Најчитани вести