Пекабеско донира пакети со храна на социјално загрозени семејства

Во рамките на Фејсбук акцијата на Пекабеско „Секој твој лајк помага“, компанијата одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства.

Фејсбук страната на Пекабеско достигна бројка од над 50 илјади лајкови, со што беа донирани првите 27 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.

Акцијата ќе се спроведува се до постигнувањето на 100 илјади лајкови на страната на Пекабеско, а на секои нови 10 илјади лајкови ќе бидат донирани пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.

Стратегијата на компанијата на социјалните мрежи е водење на уникатен пристап кој се базира на оригинални фото и видео содржини,  како и рецепти преку кои се промовираат производите на Пекабеско. Целта на компанијата е постојано да биде отворена и достапна за мислењата на потрошувачите, користејќи ја предноста на социјалните медиуми во делот на интерактивноста и двонасочната комуникација.

Од компанијата се заблагодаруваат на хуманите граѓани кои досега помогнале за успешно реализирање на оваа хумана активност и ги повикуваат сите кои сакаат да помогнат со лајк на нивната Facebook страна: https://www.facebook.com/Pekabesko