„Пекабеско“ донираше млеко и храна за настраданите од поплавите

На пунктот на Црвениот крст во Момин Поток, Пекабеско донираше млеко и конзервирана храна наменета за настраданите во поплавите.

Како што соопштуваат, компанијата обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот Крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.

Компанијата упати апел до своите вработени и деловни партнери да се вклучат и да ја поддржат оваа хумана акција преку донирање  храна, облека или финансиски средства преку отворените телефонски линии и жиро сметки.

– Обврска на секој човек или правно лице е во прв план да ја стави хуманоста и солидарноста, особено во вакви тешки моменти со кои се соочуваат нашите сограѓани. Никому повеќе да не се случи. Никогаш повеќе да не се повтори, велат од Пекабеско.