Македонија

„Пекабеско“ со годишен извоз од седум милиони евра

„Пекабеско“ со годишен извоз од седум милиони евра

Во текот на минатата година извезовме 1.500 тони во БиХ, 1.300 тони во Црна Гора и 300 тони во Србија и Косово. Целокупниот годишен извоз во 2014 година достигна речиси седум милиони евра, изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско.

Според Кутревски, Пекабеско е доказ дека и во услови на криза може да се инвестира и вработува. Пекабеско сред економската криза инвестираше над 13 милиони евра во нов Производствено – логистички центар во Кадино, општина Илинден.

Објектот со големина од 20.000 метри квадратни беше отворен на крајот од 2012 година.

-Првата година по инвестицијата, производството се зголеми за 70%, а минатата година за 40%. Минатата година извозот во 4 земји од регионот достигна рекордни 7 милиони евра, вели Кутревски.

Пекабеско е компанија е со 40-годишна традиција која денес брои повеќе од 430 вработени.