Пекинг и Москва за мирно решавање на севернокорејскиот „маѓепсан круг“

Министрите за внатрешни работи на Кина и на Русија, Ванг Ји и Сергеј Лавров повикаа на мирно решение на севернокорејскиот „маѓепсан круг“, по завршувањето на средбата во Њујорк во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти во вторникот официјален Пекинг.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји и неговиот руски колега по должност Сергеј Лавров ги повикаа сите страни поврзани со севернокорејската криза да изнајдат „мирно решение“ во однос на сегашните тензии околу досието на нуклеарната и балистичката прогмата на Северна Кореја, се истакнува во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи нкоешто ги цитира агенцијата Xinhua.

„Прашањето на нуклеарната енергија на Корејскиот полуосторв мора да се реши на мирен пат. Сегашниот длабот маѓепсан круг мора да се прекине“, истакнал Ванг.

Лавров од своја страна изјавил дека ставот на Русија во однос на споменатото прашање „целосно е идентичен“ со кинескиот став, според истиот извор.

„Министрите за надворешни работи разменија мислења за актуелните прашања од глобалната и регионалната агенда, со акцент на Северна Кореја и Сирија. Потврдено беше заедничкото мислење за решавање на сите проболеми исклучиво со политички и дипломатски средства“, го цитира агенцијата РИА соопштението на руското министерство за надворешни работи.

Во кусата објава се истакнува дека во истиот контекст двете страни дале висока оцена на руско-кинеската соработка во ОН и другите меѓународни организации. „Во рамките на дискусијата за билатералната соработка беше изразено задоволство од досегашниот развој на односите во сите области“, соопштува Москва.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.