Анализи

Кинезите се газди на голем број атомски електро-централи од Балтичко до Црно море, а незапирливи се и во освојуњето на нови Пекинг нуклеарно ја гази Европа, додека Вашингтон и Москва се фатени за гуша

Пекинг нуклеарно ја гази Европа, додека Вашингтон и Москва се фатени за гуша

Пекинг користи енергетски лост за влез во регионот источна Европа, лост кој, пак, е еднаков на оној што го користеше Москва за време на Студената војна.

Додека Соединетите американски држави се фокусирани на пораките на претседателот Доналд Трамп на социјалната мрежа Твитер, и на чевлите на првата дама Меланија Трамп, во Европа се спроведуав геополитичка промена, која ги трeба да ни ги смрзне коските од страв.

Без никој да обрнува особено внимание, Кина ја шири својата економска и воена сила во источна Европа. Станува збор за мапирање, резервирање на клучен регион, од кој САД зависат во трговијата и геополитичката поддршка, а кој е и како тампон зона за Русија и за Кина.

Кинезите, освен што не прават многу за запирање на маршот на Северна Кореја кон нуклеарна ракета, веќе си набавија значителен капитал во грчкото пристаниште Пиреа. Додека го читате овој текст, тие исто така работат внимателно на придобивање на активи во Чешка, во Унгарија и во Полска, вклучително и за склучвање на договори за изградба на нуклеарни електро-централи.

Во Бугарија, во меѓувреме, некогашните притисоци на поранешниот американски државен секретар, Хилари Клинтон, успеа да ги натера Бугарите да го раскинат договорт со руската државна компанија за збогатување на ураниум „Росатом“. Тоа се врати како бумеранг, давајќи им на Кинезите погодна почва да ги заменат Русите во изградбата на новата нуклеарна централа „Белене“. „Росатом“ успешно ја тужеше Бугарија, за нарушување на договорот, и победи. Бугарите треба да платат 660 милиони американски долари – голема цена за мала држава. За да ги компензираат загубите Бугарите одлучија да го приватизираат проектот. Според објавите во медиумите, Кина агресивно учествува во тргувањата и е на челната позиција. Ако Кина добие, нејзините државни нуклеарни компании ќе можат да користат опрема произведена во Русија и ќе имаат целосна контрола врз новиот нуклеарен објект.

За разлика од Русите, чии програми за нуклеарен развој обично се потпираат на релативно благи меѓудржавни заеми за финансирање на изградбата, но остануваат во управување на локалните влади, Кина настојува да го контролира и капиталот и оперативата. Како резултат на тоа Кина останува и со целосна контрола и врз критичната инфраструктура – во овој случај важна нулеарна електро-централа, во земја поранешен советски сателит.

Тоа и’ дава на Кина одличен лост за влез во регионот. Лост еднаков единствено на тој што го користеше Москва за време на Студената војна. Слична ситуација моментно се развива и во Полска, каде Кинезите ги преземаат договорите за нуклеарна електро-централа, која требаше САД да ја изградат. Но, американската нуклеарна индустрија е со големи проблеми со „Вестингхаус“, која е во банкрот, и со „Џенерал Електрик“, кој нема сила да го зголеми капиталот дури ни за своите напредни реактори во напредни земји.

Кинезите, за разлика од нив, се полни пари – заработени во најголем дел од трговијата со САД. Она што се случува тука е тоа што Кинезите ги користат геополитичките несогласувања меѓу САД и Русија, за да добијат сопственост и управување на важни делови на енергетската инфраструктура. Тактиката веќе и’ овозможи на Кина „енергетски појас“, кој се протега од Балтичкото до Црно море. Кина, во пракса, веќе управува важни делови од инфраструктурата во Бугарија, Чешка, Полска, Романија и Словачка. Тоа не треба да се допушти да продолжи. Експертите за надворешна политика, и од редовите на Републиканците и од редовите на Демократите, изгледа дека веќе го забележуваат тоа. И директорот на ЦИА, Мајк Помпео, и Бен Родс, заменикот на советникот за национална безбедност на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, го одредија Пекинг како поголема закана и опасност за САД од Москва. Белата куќа итно треба да ги пополни празните позиции во Стејт Департментот со експерти за Европа и за Азија и да ги промовира талентираните службеници од дипломатскиот корпус, наместо да ги трга настрана. Тие експерти треба да го земат во предвид растечкото влијание на Кина во регионот.

Методите на дејствување на САД треба да се повеќе нијансирани – мораме да се оттргнеме од недискриминирачката политика на воздржаност кон стратегијата, која ќе дозволува руски проекти, се’ додека тие не се штетни за европската енергетска безбедност и безбедносните грижи на САД. На пример, САД треба да се спротистават на молбите и барањата на Литванија да се стопира изградбата на нуклеарна централа, која во Белорусија ја градат Русите. Рускиот реактор користи најсовремена технологија. Проектот е одобрен од независни регулатори од над десет држави, вклучително и од Финска, позната по своите високи безбедносни стандарди.

Безбедносните грижи на Литванија не се совпаѓаат со геополитичките ризици од ширењето на кинеската контрола на инфраструктурата.

Играта на геополитички шах бара од играчите да планираат не само еден чекор напред, туку два, три, а некогаш и повеќе. Играчите треба да ги имаат во предвид и многуте димензии на економијата, геополитиката и воената стратегија, а во случајов противниците може да се повеќе од еден. Натпреварот во изградба и управување со нуклеарни електро-централи е само уште еден пример на геополитичкиот шах и САД е редно да почнат да играат подобро.

Автор: Марк Фајфл, заменик-советник за националната безбедност на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш за „National Interest“