Пеколен план: Снајперист го држел Месиќ на нишан?!

Слободан Милошевиќ на сите можни начини се обидел да го спречи доаѓањето на Стипе Месиќ на функцијата претседател на Претседателството на СФРЈ, дури размислувал и за негова физичка ликвидација.

Ова шокантно тврдење го пишува во книгата „Заседа 2“, а извадоци од неа објавува срспкиот весник „Курир“, пренесува Нетпрес.

Општо е познат фактот дека последниот клинец на мртовечкиот сандак на Југославија го закова Стјепан Месиќ, последниот претседател на Претседателството на СФРЈ! Но, во јавноста е сосем непознато дека Месиќ многу лесно можел со покојната држава да се врати во Загреб во истиот тој мртовечки сандак!

За среќа тоа не се случило, бидејќи и денеска лесно може да се претпостави што тоа би значело за и така многу крвавиот расплет на југословенската драма…Засилениот Милошевиќ, понесен од бранот на разбудениот српски национализам, сепак не направил уште една голема историска грешка.

Одобрување за акција

Во строго интерни кругови на државниот врв на Србија, имало идеја да се употреби физичка ликвидација на Месиќ, како последен начин за негово запирање во намерата да ја растури Југославија. Иститие извори тврдат дека тогашната машинерија на Милошевиќ веќе имала на располагање човек, кој таа задача би ја извршил. Снајперистот бил испратен на позиција и само се чекала конечна одлука, поточно одобрување за акција!

slobodan_milosevic

Наводно, за таа акција, знаеле само неколкумина најблиски соработници на Милошевиќ. Но, бидејќи до тоа не дошло, така и приказната за акцијата била погребана, но сепак останала во главите на оние кои за неа знаеле. Со децении молчеле, помалку срамејќи се и од сами себе од слепата послушност кон Милошевиќ, која југословенската трагедија можела да ја направи уште потешка и поразорна.

„Нема никаков сомнеж дека такво нешто му се подготвувало на Месиќ во Белград“, тврди поранешен висок полициски функционер, еден од тогашните најблиските соработници на Слободан Милошевиќ.

„Вистината е дека Милошевиќ на сите начини се обидуваше да го спречи доаѓањето на Месиќ во Белград, на чело на Претседателството на СФРЈ! Јасно беше дека новиот претседател требаше да биде од Хрватска, а тоа на Милошевиќ не му пречеше, но му пречеше што тоа требаше да биде Стјепан Месиќ. Фрањо Туѓман и хрватскиот Сабор, беа упорни и во Белград пристигна непожелниот Месиќ. Не беше сосем јасно зошто Милошевиќ беше категорично против Месиќ. Верувам, поради неговите политички ставови, а можеби и поради некое негово пошироко семејно педигре“, навел соговорникот.

Усташки офицер

Малку е познато дека Стипе Месиќ во семејството имал роднина, кој бил усташки офицер, а кој по пат на некакво чудо во повоениот период влегол во личното обезбедување на Јосип Броз Тито. Станува збор за Марко Месиќ. Тој се образувал во Печујското офицерско училиште, и како негов кадар му служел на царот Фрањо Јосиф, во Австроунгарската монархија.

По Првата светска војна станал офицер во Кралството СХС. Во првите денови од создавањето на усташката НДХ, станува озлогласен офицер на мрачната творба на Анте Павелиќ. Откако завршила Втората светска војна, наместо да биде затворен, се рехабилитира и стапува во служба кај Јосип Броз Тито, како припадник на неговото лично обезбедување. Таму служел до крајот на својот живот, од прилика до седумдесеттите години од минатиот век. Само него единствено не го предал. Биографијата на овој Месиќ одеднаш исчезнала, токму во време кога политичка кариера почнува да гради еден друг Месиќ…Стјепан Стипе Месиќ!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.