Спорт

Пеле: Меси не е Меси кога игра за Аргентина

Пеле: Меси не е Меси кога игра за Аргентина

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Пеле, е убеден дека постои голема разлика кога Лионел Меси игра и го носи дресот на каталонскиот гигант Барселона и кога игра и го носи дресот на фудбалската репрезентација на Аргентина.

“Кога го носи дресот на Барселона, сите се убедени дека тоа е тој Меси, дека е вистинскиот Меси. Така фудбалските фанови не размислуваат кога Меси го носи репрезентативниот дрес на Аргентина. Тогаш станува збор за некој друг Меси. Кога игра за Барселона, Меси има подршка од двајца, тројца фанастични соиграчи, тука е Чави, тука е Иниеста кои секогаш му помагаат. Кога игра за Аргентина, Меси има проблем со конекцијата, со комуникацијата, нема добра соработка со репрезентативните колеги. Станува збор за некој друг Меси, не за тој кој игра во дресот на Барселона”, изјави Меси.