Спорт

Пеле најмногу го плаши Шпанија

Пеле најмногу го плаши Шпанија

Најголемиот во фудбалската историја, легендарниот репрезентативец на Бразил, Пеле и понатаму останува на ставот дека репрезентацијата на Шпанија е најтешката пречка која домашинот на престојниот Мундијал мора да ја помине доколку сака да се закити со титулата светски шампион.

„Најважно од се е Бразил да ја избегне репрезентацијата на Шпанија или по можност да се сретнат во финалниот натпревар. Шпанија има фатастичен тим, добро организиран, тим кој нема слаби точки. Шпанија. Станува збор за една од ретките репрезентации кои играат чист фудбал, без ситни или груби прекршоци. Шпанија му дозволува на противникот да игра фудбал, но истовремено бара слободен простор за да ја додадат топката. Според фудбалските стручњаци, Бразил го има најдобриот напад на целиот свет, но и не толку квалитетна одбрабена линија. За среќа, Бразил има одлични фудбалери за врска, кои сигурно ќе им помогнат и на дефанзивците и на напаѓачите”, изјави Пеле.