Пеле призна дека срце го боли

Легендарниот репрезентативец на Бразил, Пеле, го искорити официјалниот профил кој го има познатата социјална мрежа “Твитер” за да признае дека се уште е во шок поради тешката повреда која ја заработи најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Бразил, Неимар.

“Срце ме боли поради тоа што Нејмар нема да може да ги брани боите на Бразил во продолжението на Мундијалот”, напишал Пеле на Твитер.

Крилниот напаѓач на каталонскиот гигант Барселона има напукнување на третиот лумбален пршлен на ‘рбетот и мора да мирува во следните 30 дена.