Пеле се ожени на 76 години

Некогашниот бразилски фудбалер Пеле се ожени по трет пат, а овој пат негова избраничка е Марсија Сибеле Аоки.

Приватната церемонија во кругот на најблиските се оддржа во близина на Сан Паоло.

Вистинска љубов, напиша славниот фудбалер на неговиот Твитер профил.

Делот од церемонијата беше пренесувана и од бразилската телевизија, а венчавката требаше да се оддржи пред две години, но беше одложена поради влошената здравствена состојба на фудбалерот.

Пеле и Марсија се во врска шест години, а прв пат се сретнале во 80-тите години во Њујорк. Сепак љубовта се роди дури во 2010-тата година, а оваа Бразилка со јапонски корени остана со него и покрај здравствените проблеми.