Спорт

Пеле удри со критики по Неимар

Пеле удри со критики по Неимар

Пеле удри со критики по НеимарНајпознатиот репрезентативец на Бразил, легендарниот Пеле, упати јавна критика до фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, Неимар, и му порача дека непотребно паѓа и премногу лежи на фудбалскиот терен.

„Мора да помине уште неколку сериозни пречки, а најголема пречка е титулата Светски шампион. За да бидеш крунисан за најдобар фудбалер, мораш прво да бидеш крунисан за Светски шампион. Исто така, Неимар мора да го промени своето однесување. Мора да ги контролира своите емоции, мора да игра со ладна глава, да биде сконцентриран во сите дуели. Мора да свати дека фудбалската игра се игра на нозе, дека мора да стои цврсто на фудбалскиот терен. Не смее да лежи на зелениот терен после секој контакт. Многу лесно паѓа, тоа не ми се допаѓа. Трансферот во Барселона е најдоброто нешто што му се има случено во неговата фудбалската кариера. Во Европа се игра почврсто, се игра грубо. Мислам дека е на вистинскиот пат, но далеку е од моите очекувања”, изјави Пеле.