Спорт

Пелегрини даде наредба под итно да биде купен Пике

Пелегрини даде наредба под итно да биде купен Пике

Новиот менаџер на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, Мануел Пелегри и понатаму е во потрага по елитен дефанзивец кој ќе биде во можност да ги реши сите проблеми кои ги има со последната линија во неговиот тим.

За време на последниот состанок кој го имал со клупските челници, искусниот чилеански стручњак ги информирал истите дека мораат под итно да испратат официјална понуда за стандардниот првотимец во дресот на каталонскиот гигант Барселона, Џерард Пике.

Пелегрини во Пике гледа идеален партнер за капитенот на “граѓаните”, Винсент Компани, но таквиот сензационален трансфер може да биде реализиран само доколку интернационалната групација, Абу Даби, ја исплати ослободителната клаузула во договорот на Пике од 45 мил. евра.