Пелегрини: Ланпард ќе игра кога јас ќе одлучам

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини за англиските медиуми изјави дека постои можност Френк Лампард да не го игра натпреварот против неговиот поранешен клуб Челзи.

„Френк е фудбалер на Манчестер Сити и ќе игра на секој натпревар кога ќе сметам дека е потребно да е во составот. За шпекулациите дека тој нема да биде на теренот кога ќе играме со Челзи, само ќе кажам дека се уште ништо не е одлучено. За таквата можност ќе разговарам со Лампард“, истакна чилеанскиот стратег.

Пелегрини додаде дека Лампард е многу важен играч за Манчестер Сити и очекува со неговото доаѓање да има опција плус за многуте натпревари во новата сезона.

„Лампард знае дека доаѓа во квалитетен тим и дека на неговата позиција имаме доста играчи. Тој ќе треба да се избори за место во тимот. Верувам дека ќе го направи тоа. За нас е многу важно што е во тимот, бидејќи ќе играме голем број натпревари“, рече менаџерот на „граѓаните“.

Искусниот Лампард во преодниот рок потпиша за Њујорк Сити, но американската фудбалска МЛС лига почнува во март, а до тогаш екс фудбалерот на Челзи како позајмен играч ќе настапува за Манчестер Сити.