Пелегрини на клупата на Барселона?

Мануел Пелегрини би можел да го замени Луис Енрике на клупата на Барселона, пренесува угледниот фудбалски портал goal.com.

Чилеанскиот менаџер речиси сигурно ќе замине од Манчестер Сити, а како негови наследници се спомнуваат Диего Симеоне, но и Пеп Гвардиола.

Исто така иднината на Енрике по конфликтот со Лионел Меси не е сигурна, па поради тоа овие информации не звучат нереално.

Секако, за да се исполнат овие најави потребно е враќање на Жоан Лапорта на претседателското место на изборите кои наскоро ќе бидат организирани во таборот на каталонскиот тим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.