Пелегрини најави атак на четри титули

Предводникот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини испрати јасна порака до клупските челници дека мораат да ангажираат уште неколку квалитетни засилувања, затоа што само така “граѓаните” ќе бидат во игра за сите титули во новата клупска сезона.

„Преостанува можноста да го подобриме тимот за наредната сезона, ќе можеме да се пофалиме со квалитетни фудбалери во сите линии. Ќе се потрудиме да го сториме најдоброто за клубот. Потребни се одлични фудбалери на сите позиции, затоа што ќе се обидеме да ги освоиме четирите титули“, изјави чилеанскиот стручњак.

Актуелниот шампион на Англија веќе ги осигура услугите на поранешниот голман на Малага, Вили Кабаљеро, на бразилскиот интернационалец Фернандо, кој пристигна од редовите на Порто, на репрезентативецот на Франција, Бакари Сања, а на пат за “Итихат” е и францускиот интернационалец Елиакуим Мангала.