Пелегрини не се пали на најновата провокација од Мурињо

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегри одби да ја коментира последната изјава на контроверзниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо кој по натпреварот против Кристал Палас изјави дека лондонските „сини” ги загубија сите шанси кога е во прашање борбата за шампионската титула во англиската Премиер лига.

„Мислам дека сум во рангот на поквалитетните менаџери, а таквите не смеат да бидат дел од овие лоши игри кои ги форсира Мурињо. Не знам дали тие менаџери, кои сакаат да играат такви лоши игри се поинтелегентни од тие кои стојат на страна. Јас мислам дека не се поинтелегентни. Не знам што има изјавено Мурињо и не знам што се му се врти во главата. Јас немам таква обврска да ги анализирам изјавите на Португалецот. Тоа е обврска на новинарите, тие ја анализираат секоја изјава на Мурињо”, изјави искусниот чилеански стручњак.