Пемова: СДСМ ќе ги затвори странските инвестиции ако дојде на власт

Пратеничката Весна Пемова од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на расправата за буџет која се одвива во Собранието на Република Македонија ги запраша пратениците од СДСМ дали доколку дојдат на власт ќе ги затворат странските инвестиции.

Се изнаслушавме еден куп критики за странските инвестиции од сите колеги од опозицијата. Навистина не знам што ви е намерата со тие странски инвестиции што дојдоа овде да работат и да вработуваат наши граѓани. Излезете малку од канцеларија и прашајте во домашните компании дали расте или опаѓа нивниот бизнис. Знаете ли вие колку домашни компании од Кавадарци сораборуваат со Дрекслер Маер и колку бизнисот им е пораснат од кога дојде таа странска инвестиција, запраша таа?

Пемова се послужи со пример од Кавадарци од каде што доаѓа и напомена пример на семејство од Кавадарци на кое му се подобрил животот од како се вработиле во Дрекслер Маер во Кавадарци.

5000 семејства од Кавадарци работат во Дрекслер Маер. Минатата недела бев во посета на едно семејство каде што и мажот и жената работат во Дрекслер Маер земаат по 250 евра плата и после 20 години за прв пат во семејниот буџет имаат 500 евра плата. Велат дека никогаш подобро не им било. Затоа кажете ја вашата намера дека ако некогаш дојдете на власт тие странски компании ќе ги затворите и дека и работниците повторно ќе останат на улица како што еднаш тоа го направивте, рече Пемова.