Бразил2014

Пенал-рулетот среќен за Бразил, кобен за Чиле

Пенал-рулетот среќен за Бразил, кобен за Чиле

Домаќинот на јубилејното 20. Светско првенство, репрезентацијата на Бразил обезбеди пласман во 1/4 финлната рунда откако избраниците на Луис Филипе Сколари после подоброто избедување на ударите од белата точка ја победија и ја елимираа селекцијата на Чиле.

Првиот јужноамерикански дуел во осминафиналната рунда заврши без победник во регуларните 90 и во двете продолженија од по 15 минута.

Бразил дојде во водство во 18 минута со среќниот погодок на Давид Луиз, а Чиле израмни во 32 минута со погодокот на Алексис Санчез.

Откако се премина кон изведувањето на пеналите, кај Бразилците не реализираа Вилијан и Хулк, а кај Чиле неуспешни беа Пиниља и Санчез во првите четири серии. Откако Нејмар во петтата серија погоди, Јара го погоди дирекот по што Бразил го трасираше патот кон осумте најдобри на Мундијалот.

“Ми се чини дека судиите имаат некаков анимозитет против Бразил и тоа почнува да ми пречи. Секој натпревар има одлуки против нас, еве и денеска постигнавме гол што англискиот арбитар од само нему позната причина го поништи. Засега сме фини и не вршиме притисок, но не знам уште колку ќе ги трпам судиите“, изјави селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари.

За противник во 1/4 финалната рунда, репрезентацијата на Бразил го доби незгодниот тим на Колумбија.