Пеналот за Франција ја подели спортската јавност

Според најбројните оцени клучниот момент на финалето од штотуку завршеното Светско фудбалско првенство во Русија во коешто Франција дојде до својата втора титула во историјата откако ја совлада Хрватска со 4:2, се одигра во 38 минута кога аргентинскиот судија Нестор Питана досуди пенал од кој „Триколорите“ поведоа со 2:1 поради играње со рака на Иван Перишиќ во својот шеснаесетник, и тоа по прегледување на ВАР технологијата што е беше првпат во историјата на финалните дуели на мундијалите.

Матуиди во скок на ја зафати топката упатена од корнер, која потоа го погоди Перишиќ во раката кој се наоѓаше веднаш зад францускиот играч и потоа од неговата нога излета во корнер. Судијата Питана по сугестии од Французите ја прегледа снимката и досуди удар од 11 метри кој го реализираше Антоан Гризман. Меѓутоа, прашањето дали Аргентинецот требаше да досуди казнен удар или не, ги подели поранешните играчи, судиски експерти и коментатори.

„Нема шанси толку смешна одлука да го одлучува победникот на финалето. Тоа не го заслуживме по вакво турнир“, реагираше поранешниот капитен на англиската репрезентација Ален Ширер веднаш откако Питана покажа на белата точка.

„Кога судијата не е сигурен во својата одлука, тогаш не би требало да досуди најстрога казна. Тоа беше погрешна одлука“, изјави поранешниот германски напаѓач и селектор Јирген Клинсман.

„Тоа беше играње со рака и единаесетерецот е исправно досуден“, мисли поранешниот германски судија Торстен Кинхофер.

„Играњето со рака беше очигледно, но исто така и ненамерни“, смета поранешниот шпански фудбалски арбитер Андухар Оливер.

Спортскиот магазин Sports Ilustrated пишува дека Французите дошле до титулата со „голема помош“ на ВАР-от.

„Раката на Перишиќ беше во најнормална можна положба, не играше намерно со рака, туку топката го погоди откако не ја погоди Матуиди. А судијата Питана сепак досуди пенал. Доколку е така, тогаш секој од играчите во шеснаесетникот на екипата која се брани мора да игра цело време со рацете зад грб , бидејќи и без намера може да направи пенал. Питана веројатно би му свирел пенал и на Уругваецот Хектор Кастро, кој играше на СП 2930-та еднорак бидејќи другата рака за загубил во несреќа во детството“, пишува Sports Ilustrated.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.