Пендаровски бара решавање на името далеку од очите на јавноста

Претседателскиот кандидат од редовите на опозицијата, Стево Пендаровски, во интервју дадено на 23 декември, 2013 година, за интернет порталот „Прес24“, предлага спорот за името да се решава зад затворени врати далеку од очите на јавноста и без нејзино знаење.

Тој во своето интервју вели:

„Мислам дека е дојден часот кога релевантните политички субјекти треба да седнат далеку од очите на јавноста и да се договорат за две работи: дали нашите стратешки цели утврдени во 1990-тите остануваат истите или не, и ако одговорот е позитивен, тогаш каков компромис треба да направиме за да се интегрираме, но, при тоа, да го сочуваме народот затоа што тоа е апсолутен приоритет број еден“.

Овој став е многу поразличен од сите досега кои што сме ги слушале. Со овој став Пендаровски предлага за прашањето за името да решаваат политичките елити, а не сите граѓани на Република Македонија.

Токму на овој начин беше и наметнато денешното име на државата, ФИРОМ. И тогаш ова битно прашање се решаваше далеку од очите на јавноста, а притоа ниту граѓаните, ниту било кој друг не беше консултиран, ниту информиран за ова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.