Пендаровски фатен во фалсификат, СДСМ купува лажна поддршка

На социјалната мрежа Фејсбук се појавија коментари за тоа како преку школски пример, СДСМ вештачки ја билда страната на Стево Пендаровски, пишува информативниот портал „Курир“.
merdz

Веднаш откако Пендаровски беше избран за претседателски кандидат на СДСМ, на Фејсбук можеше да се забележи голем банер од Пендаровски, кој се појавуваше откако корисникот ќе се одлогира од социјалната мрежа. Сепак, ваквата скапа реклама на социјалдемократите доживеа вистинско фијаско и покрај сите обиди да се прикаже масовност за негова поддршка.

Имено, вештачкото билдање на страната на Пендаровски се прави на тој начин што се менуваат имињата на други фејсбук страници и профили кои претходно имале различна содржина и намена, а врз кои од СДСМ имаат контрола, по што потоа тие истите се спојуваат (мерџираат) кон официјалната Фејсбук страна на Пендаровски и тој всушност добива поддршка од “фанови“ кои всушност не ни знаат дека дека стиснале “лајк“.

status

-Креирана страна во 2009 година за сосем различна намена. Насловот на страната е преименуван во Стево Пендаровски. Потоа оваа страна се спојува со официјалната страна на Пендаровски, а фановите посоченава страна без да знаат, стануваат „фанови“ на Стево Пендаровски. Потоа СДСМ крева џева колку станале популарни, се пишуваат статии по медиуми. Не се чудете ако некако сте станале фан на Пендаровски. Истото го прават и со профили кои ги преправаат во страни. Чисто да остане забележано, стои во еден од коментарите.

stevo-kino

Ваквото преименување на страните кое според коментарите започна вчера околу 15 часот, (кога нагло се зголеми бројот на поддржувачи на официјалната страна), чии фанови без да знаат стануваат “фанови“ на кандидатот за претседател на СДСМ, предизвика бурни реакции на социјалната мрежа.

status-150

– Како сум станала фан на страната на Пендаровски, па и на Заев, а никогаш не сум ги лајкнала овие страни, стои во друг коментар.

invited407

zb-500

Во текот на вчерашниот ден имаше и такви реакции од корисници на Фејсбук на кои им биле пробиени лозинките и од нивните профили биле испратени покани за да се приклучат на страната за поддршка на Пендаровски.

pendarovski-preim

Ова не е првпат СДСМ преку разни интриги да се обиде да ја придобие волјата на граѓаните. Вештачкото билдање на официјалните ФБ страни на политичарите од СДСМ не е нешто ново. Истиот метод со кој Пендаровски се обидува сега да прикаже поддршка, преку спојување на фејсбук страници и добивање на фанови кои всушност не ни знаат дека го поддржале, го користеше и претседателот на партијата Зоран Заев за неговиот официјален профил.

Zaev-lajkovi1

Имено, овие фотографии покажуваат дека во периодот кога Заев на неговата официјална страница немал вештачко билдање, лајковите биле енормно ниски, додека по припојувањето на останати фејсбук страници и профили, бројот на фанови нагло расте. Од ова може да се заклучи дека и кај Заев и кај Пендаровски има “фанови“ кои всушност не знаат дека станале фанови без нивна волја.

Zaev-lajkovi3

Од друга страна, скапата рекламна кампања на Пендаровски на Фејсбук за која се потрошени големи пари и која на светско ниво достигнува и до 700.000 долари дневно, доживеа вистинско фијаско, бидејќи кандидатот на СДСМ доколку не се смета вештачкото билдање собра само околу 2.000 “лајкови“. Интересно е што во неколку наврати СДСМ преку високи функционери најавуваше кампања на Фејсбук. Дали истите функционери ги имаат одобрено и ваквите фалсификати?

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.