Пендаровски им се додворува на Бугарите

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, почна со додворувањето, a овој пат тие „симпатии“ се насочени кон Бугарите.

Пендаровски за првиот број на весникот на Бугарите од Македонија, „Гласот на Бугарите од Македонија“, вели дека не може да разбере зошто и по 24 години независност етничките Македонци не ги сметаат Бугарите за толку блиски, како што ги чувствуваат Србите.

„Јас навистина не можам да разберам зошто, 24 години по независноста, етничките Македонци не им веруваат на Бугарите и не ги чувствуваат за толку блиски, како што ги чувствуваат Србите“, прашал зачудено Стево Пендаровски.

Според него, „некои историски наслаги очигледно не можат да бидат изменети, доколку во земјата не постои консензус за тоа прашање“.

„Фундаменталниот недостаток на македонската надворешна политика во последните 24 години е недостатокот на широк консезус за најважните прашања… Денес нема консензус меѓу владата и опозицијата, меѓу одделните партии“, додал тој.

Пендаровски смета дека заедничките седници на македонската со владите на Бугарија и Србија биле неуспешни бидејќи на нив не биле, како што вели тој, македонски министри.

Токму поради овие изјави на Пендаровски, бугарските медиуми сега ја застапуваат тезата дека ако Албанците во Македонија не гласаат за Иванов, во тој случај Стево Пендаровски ќе победел на претстојните претседателски избори во земјава.

„Актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов ако не ги добие гласовите од албанските гласачи, тоа ќе ги зголеми значително шансите на опозицискиот кандидат Стево Пендаровски. Според политичкиот експерт Арсим Зеколи, фактот дека ДУИ не предложи свој кандидат е потенцијална закана за легитимитетот на победата на изборите. Албанците не се заинтересирани да гласаат за Иванов, смета Зеколи“, пишува бугарската новинска агенција „Фокус“, пренесувајќи изјави од „Радио Слободна Европа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.