Пендаровски изгубен во политичкиот простор и време

На последниот Самит пред два дена во Белград на земјите од Централна и Источна Европа со НР Кина – велесилата во економска смисла, учествуваа 16 премиери. Од сите страни имаше конкретни проекти што сакаат тие да направат со таа велесила, а нашите заминаа по инвестиции во Саудиска Арабија, која може да извезува само две работи – нафта и вахабизам, е изјавата на кандидатот за претседател на опозицијата на последните избори, Стево Пендаровски.

Човекот кој, ако беше избран, ќе требаше да ја претставува Македонија во меѓународната политика за една од најмоќите држави на Блискиот Исток, но и во светот вели дека извезува вахабисти. Ваков гаф и неинформираност, доколку Пендаровски станаеше претседател, немаше да биде простен од страна на светски моќните политичари.

Пендаровски очигледно бегал од часовите по економија на кои требал да научи дека Саудиска Арабија е најголемиот светски извозник на нафта, водечка земја на ОПЕК и дека постетата на оваа моќна држава која ќе инвестира во Македонија е и тоа колку значајна за растот и развојот на нашата економија.

Премиерот Никола Груевски, за време на посетата на Саудиска Арабија, освен одржаните бизнис форуми во главниот град Ријад, вториот најголем град Џеда и средбата со престолонаследникот Салман бин Абдулазиз ал–Сауд, одржа средба и со директорот на Саудискиот фонд за развој кој инвестира во инфраструктурни проекти во 80 различни држави.

На Самитот во Белград, на кој според Пендаровски, македонскиот премиер не бил поканет, Груевски имаше посебни средби со кинекскиот, српскиот, унгарскиот премиер…

Во Белград, Македонија потпиша договор за царинско олеснување со Кина, Србија и Унгарија. Со кинескиот премиер Ли Кечијанг се зборуваше за два конкретни проекти оф инфраструктурата, туризмот, енергетиката. Најавени беа и две кинески инвестиции, од кои за едната е изградба на голема кланица, а втората за иградба на цементарница. Во Белград беше потпишана и спогодбата за авиотранспорт со Кина, со што се покажува дека политички информативно Пендаровски е тотално во аут.

„На средбата ги реафирмиравме проектите што ги отворивме минатата година од кои едниот е градба на голема фарма и кланица за која оттогаш до сега голема кинеска компанија дојде три пати во Македонија и ги разгледуваше сите можности. Прават анализи и засега се со позитивен впечаток, но останува да видиме дали ќе дојде до финализирање. И лани, а особено сега покажаа огромен интерес за градба на цементарница“, рече во Белград Груевски.

Премиерот побара и да се забрзаат разговорите околу тоа, изјави премиерот Груевски по билатералната средба, нагласувајќи дека се заблагодарил за поддршката на Кина за градбата на автопатите Кичево-Охрид и Скопје – Штип.

За следен пат, Пендаровски да не се брука во јавноста, нека се информира дека Саудиска Арабија ја посетиле бројни моќни политичари меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама,рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, Британското кралско семејство меѓу кои принцовите Чарлс, Ендру, Вилијам и Хари, претседателот на ФИФА Сеп Блатер…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.