Пендаровски кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ?!

Професорот и екс советник на Бранко Црвенковски нема никаква пречка да биде кандидат за претседател на опозицијата откако изминативе десетина дена со успех се привршени разговорите меѓу претставници на СДСМ и ДУИ поточно меѓу луѓе од доверба на Црвенковски и Али Ахмети.

„Република“ објавува дека за најголемата партија на Албанците во Македонија, Стево Пендаровски е соодветен кандидат затоа што токму тој како прв човек на Државната изборна комисија во 2004 го верификуваше изборниот фалсификат за избор на Црвенковски.

Тогашниот шеф на државата беше избран со поддршка на албанските гласови а тој договор претходеше на најкатастрофалната одлука на СДСМ за Законот за територијална поделба.

-Пендаровски кој предходно беше еден од најблиските соработници на покојниот Борис Трајковски кој веднаш по премолчувањето и озаконување на изборниот фалсификат во 2004 и полнењето на кутиите направено со договор меѓу СДСМ и ДУИ подоцна стана еден од главните играчи во кабинетот на Црвенковски и човек од негова највисока доверба. Дел од оние кои што свовремено работеле во кабинетот на Црвенковски велат дека токму Пендаровски бил човекот кој ги вршел најсложените и најнечесни замисли на Црвенковски. Тој е човекот кој на ДУИ им ветувал решение за името и притисок кон кохабитационата влада на ВМРО ДПМНЕ доколку Ахмети на терен ги налолни кутиите и даде поддршка за изборот на Црвенковски за претседател, пишува Република.

Делот на СДСМ под контрола на Зоран Заев и Радмила Шекеринска немале против ова решение за кандидат за претседател.

Како што објави порталот, првата причина е моќта на екс претседателот во партиските структури и второ затоа што Пендаровски на анкетите иако бил послаб кандидат од можните кандидати за ВМРО-ДПМНЕ сепак котирал подобро од останатите кандидати на опозицијата.