Пендаровски кандидат за претседател на СДСМ

Стево Пендаровски ќе биде кандидатот на СДСМ за претстојните претседателски избори , дознава „Пресс 24“ од партиски извори на Бихаќка.

Според информациите на порталот, одлуката паднала денеска на Извршниот одбор на партијата, што значи дека Конгресот кој СДСМ го закажа за четврти март станува само чиста формалност.

Името на Пендаровски и претходно се вртеше во медиумите.

Тој на 13-ти април ќе се соочи со граѓаните во првиот круг на претседателските избори. Од ВМРО-ДПМНЕ според последниот развој на настаните, противкандидат се очекува да му биде актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов, кој денеска го потврди своето учество на Конвенцијата која најголемата партија ќе ја одржи на први март.

Кандидат извесно е дека ќе имаат и „громовци“ на Стевчо Јакимовски. Зоран Поповски од ГРОМ веќе и ги обезбеди потребните 10.000 потписи. Исто толку ќе му требаат и на кандидатот на ДПА откако партијата го потврди своето учество на изборите. Неизвесно е учесвото на Стојанче Ангелов и Билјана Ванковска кои имаат проблеми да ги соберат неопходните потписи. Неизвесно е и во Мала Речица. ДУИ се уште е заглавена на идејата за консензуален претседател

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.