Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите граѓани

Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, при поднесување на кандидатура до Државната изборна комисија, рече дека имал намера да биде претседател на сите граѓани.

„Голема благодарност до сите пратеници, до комплетната Пратеничка група на Социјалдемократскиот сојуз за нивните потписи и за довербата, која ми ја дадоа да можам да ја поднесам оваа кандидатура…Но, сакам посебно да нагласам, чувствувајќи максимална почит, кон сите што ме поддржаа со својот потпис или со својот збор, дека јас имам намера да бидам претседател на сите граѓани, независно од нивната партиска, верска или религиозна припадност“, рече Пендаровски.