Македонија,Политика

Пендаровски конечно призна дека ќе биде кандидат за претседател од СДСМ

Пендаровски конечно призна дека ќе биде кандидат за претседател од СДСМ

Стево Пендаровски конечно призна дека ќе биде кандидат за претседател од СДСМ.

„Ми беше предочено дека сум предлог на сите 76 општински организации и дека имам најголема поддршка споредено со било кој друг кандидат предложен од партиската база. По ова, донесов одлука да ја прифатам понудата и сега оставам на партиската процедура“, изјавил Стево Пендаровски за Пресс24.

Ова е информација која е крајно контрадикторна со вчерашната изјава на Пендаровски за Република во која тој тврдеше нема никакви контакти и информации и не знае дека ќе биде кандидат за Претседател на Република Македонија од СДСМ. Во два дена, две комплетно спротиставени изјави. Тоа не е сериозно за почеток на кампања.