Македонија,Политика

Пендаровски новo жртвено јагне на СДСМ!?

Пендаровски новo жртвено јагне на СДСМ!?

Стево Пендаровски е ново жртвено јагне на СДСМ, објавува Алфа телевизија повикувајќи се на инфомации од извори од партијата.

Како што велат од таму за Алфа, по примерот на Макрадули кој прв ја прифати ваквата губитничка улога во битката за татко на Скопје, Пендаровски е втор кој прифатил ваква непристојна понуда.

Изворите велат дека, сепак, во СДСМ и кај нивните блиски има многу конкуренција дури и за пораз на претседателските избори, бидејќи анкетите покажуваат дека тоа е неминовност, за што се свесни и во самата партија, но мотивите на заинтересираните кандидати се од друга природа.

Така, кампањата за претседателски избори, многумина ја гледаат како средство за лична промоција и буквално – „вадење од мртвите“, чисто колку за да се актуелни некој одреден период, со што би си ја подобриле својата позиција во бизнисот и општеството. Оттука, Алфа дознава дека во СДСМ, освен што наголемо се кокетира со Стево Пендаровски, во истата игра се вклучени и бизнисмените Гуштеров и Костовски, кои биле силно загреани за оваа примамлива можност за лична промоција. 

Сепак, имун на ваквите типови на јавни личности, кои мислат дека „светот се врти околу нив“ и немаат доволна доза на самокритичност има и во ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е професор Јове Кекеновски, познат по практикувањето на својата неразделна хармоника, кој од петни жили, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ се труди да се претстави во јавноста како кандидат на владејачката партија и да се наметне како таков, па дури и на моменти глучи и жртва, иако извори од таму и познавачите на состојбите велат дека тој како профил не би можел ниту на сон да помине, како што потенцираат за Алфа, ниту кај еден сериозен член на партијата, а камо ли кај повеќе. 

Но, тоа е демократија, велат експертите, според кои е очигледно дека многу луѓе претседателските избори ги гледаат – не како можност да и се помогне на државата или на граѓаните, туку како можност да се помогне на себеси и на сопствената суета и его. Како и да е, толкуваат дека е драстична досегашната разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, особено што владејачката партија не кокетира со никого, а опозициската со кого ќе стигне, затоа што и според експертите не е лесно да се најде човек кој би прифатил да губи. За познавачите на состојбите на македонската политичка сцена,сепак, во СДСМ е очигледно дека таквите ликови ги има за извоз.