Пендаровски од СДСМ јавно ги повика студентите да се приклучат кон протестите

Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ, кој учествуваше на трибината на опозициската партија одржана синоќа во Прилеп јавно упати повик до студентите и до нивните родители да се приклучат кон протестите. Ова јавно и директно обраќање на Пендаровски уште еднаш ги потврди досегашните објави во медиумите дека зад студентските протести стои токму СДСМ, пишува порталот Курир.

-На 10 декември во Скопје е закажан голем студентски протест на Студентскиот пленум, би ве замолил сите немојте да се обрукаме како луѓе и да не им дадеме поддршка. Сите тие се наши деца и сите тие ја бијат само својата битка тие ја бијат и нашата битка или заедно со нив ќе ја добиеме оваа битка или сите заедно ќе пропаднеме, порача Стево Пендаровски на синоќешната трибина на опозицијата во Прилеп, јави Револуционер.мк

Ваквото јавно и директно обраќање на Пендаровски уште еднаш ги потврди досегашните објави во медиумите дека зад студентските протести стои токму СДСМ. Досега комуникациските центри на СДСМ, високи функционери, активисти на опозицијата, луѓе кои во јавноста важат за нејзини отворени поддржувачи, поранешни советници, се вклучија во повикот за протести на студентите. На протести повикува и младината на СДСМ.

Како што веќе е познато, дописот на т.н. организација Студентски пленум која преку соопштение ги повикаа граѓаните, студентите, професорите, членови на политички парти да им се придружат на вториот студентски марш  против, како што велат, необмислените реформи во високото образование, на социјалните мрежи е објавен од повеќе комуникациски центри на СДСМ.

Во повикот за Студентскиот протест активно се вклучени и високи фунционери на опозицијата, експерти блиски до фондацијата СОРОС и други нејзини инструменти. Учество на протестото и агитирање меѓу студентите на социјалните мрежи најави и професорката Билјана Ванковска. Мирјана Најчевска, професор на филозофски факултет, уште еден од мегафоните на СОРОС исто така најавува учество на протестот и агитира студентите да излезат.  Кон повикот да се излезе на протести се приклучува и  Софија Куновска, поранешен советник во Град Скопје од СДСМ.  Новинарката Ленче Николовска,член на СДСМ и пратеник исто така го споделува дописот на Студентскиот пленум и повикот за марш.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.